Шефот на Порше е убеден дека планот на ЕУ за забрана на возилата со дизел и бензин пропаѓа: Дали е во право?

Финансискиот директор на Porsche, Лук Мешке, тврди дека европскиот план за постепено укинување на продажбата на нови автомобили со мотори со внатрешно согорување до 2035 година може да биде одложен.

„Во моментов има многу дебати за крајот на моторот со внатрешно согорување. Мислам дека таа одлука може да се одложи“, изјави Мешке во Сингапур.

Забавувањето на нарачките за електрични возила ја доведува во прашање намерата на Европската унија постепено да ги укине класичните автомобили. Планот на Унијата беше еден од најамбициозните напори за намалување на емисиите на јаглерод. Купувачите во Европа се обесхрабрени од недостатокот на доверливи мрежи за полнење, постојано високите цени и елиминацијата на стимулации за електрични возила , посочува Блумберг. Велика Британија веќе ја одложи планираната забрана за новите бензински и дизел модели за пет години, до 2035 година.

Бараат заштита од е-горива

„Иако производителите на премиум и луксузни електрични возила можат да работат без субвенции, нивното отстранување е погрешен чекор за долниот дел на пазарот“, рече Мешке, кој ја даде изјавата на маргините на претставувањето на долго одложуваниот електричен SUV на Porsche.

„Мораме да видиме колку е стрмна кривата на раст во наредните години. Ако сегашната ситуација продолжи со одредена неподготвеност за купување електрични автомобили во Европа, тогаш можеби ќе се вратат субвенциите“, вели Мешке.

Минатата година, непосредно пред ЕУ да го усвои планот за постепено укинување на новите возила со мотори со внатрешно согорување, Германија одби да го поддржи потегот. Германците побараа Брисел да ги заштити и возилата што користат е-горива, технологија поддржана од Порше, која е еден од инвеститорите во фабрика за електронско гориво во Чиле, вредна 260 милиони долари.