Шкотската министерка за финансии Кејт Форбс се вклучува во трката за неследник на премиерката Никола Старџен
– Шкотската министерка за финансии Кејт Форбс се надева дека ќе ја наследи првата шкотска министерка, Никола Старџен. Откако денеска и официјално потврди дека влегува во трката за избор на нејзина наследничка, јави ДПА.
Германската агенција забележува дека со објавата на Форбс, во шкотската Влада сега има тројца кандидати за премиер. Таа ќе им се спротивстави на шкотскиот министер за здравство Хумза Јусаф и поранешната министерка за безбедност на заедницата Еш Реган, која поднесе оставка од министерската функција во знак на протест против реформата на шкотската влада за препознавање на половите.
Форбс ја објави својата одлука, изјавувајќи дека има „искуство и компетентност да ги инспирира гласачите низ Шкотска“.
„Изборите што ќе ги направиме во следните неколку недели ќе имаат големо влијание врз нашата иднина и иднината на нашите деца“, наведува Форбс во видео порака споделена на Твитер. Таа во моментов е на породилно отсуство откако минатата година го роди своето прво дете.
Истакнувајќи дека треба некој што ќе може да ја „обедини“ Шкотската национална партија, која неодамна беше растргната од контроверзите околу реформите во процесот на признавање на полот, Форбс вети дека „ќе подаде рака и ќе слуша“.
„Повеќе од сè, ни треба лидер кој е претприемнички, храбар и енергичен, кој е свежо лице и е подготвено за нови предизвици“, додаде таа.
„Некој кој ве инспирира како член на Шкотската национална партија и го инспирира шкотскиот народ да гласа за подобра иднина“, додаде шкотската министерка за финансии.
„Јас сум тој лидер и сакам да ја водам нашата партија до подобри денови со интегритет и посветеност за вашите и за моите деца“, рече таа.