ШОКАНТНО ТВРДЕЊЕ НА УГЛЕДЕН ВЕСНИК – Израел го имал планот за финансиската инфраструктура на Хамас уште во 2018 и не превземал ништо !?
Израелското разузнавање имаше собрано сеопфатни детали за финансиската структура на Хамас уште во 2018 година, но не направи ништо за да згасне и да прекине испраќањето пари за милитантната група, јави весникот New York Times.
Според извештајот на њујоршкиот весник, документите пронајдени на компјутерот на висок функционер на Хамас покажале приватен капитал вреден стотици милиони долари.
Во него биле вклучени рудници под контрола на Хамас, живинарски фарми и компании за изградба на патишта во Судан, два облакодери во Обединетите Арапски Емирати, градежен инвеститор во Алжир и фирма за недвижнини на турската берза.
Иако документите биле предадени и во Ерусалим и во Вашингтон, ништо не било преземено за да се спречат операциите, наведува денеска Times of Israel.
„Сите зборуваат за неуспехот на разузнавачките служби на 7. октомври, но никој не зборува за неуспехот да се запре протокот на пари. Тие пари го овозможија тоа да се случи“, изјави Уди Леви, поранешен прв човек на Мосад за економски прашања.
Во извештајот се наведува дека Хамас на располагање имал средства во вредност од околу 500 милиони долари.
Уди Леви изјави дека за сознанијата уште во 2015 година го информирал премиерот Бенјамин Нетанјаху.
„Можам со сигурност да ви кажам дека разговарав со него за ова. Но, тој не беше многу заинтересиран за тоа“, тврди Уди Леви.
Бенјамин Нетанјаху одби да одговори на обвинувањата, додава њујоршкиот весник.