Познатиот српски кошаркар Владимир Радмановиќ бил ограбен во манастирот Хиландар на Света Гора, ексклузивно дознава српски Курир.
Овој немил инцидент се случи пред неколку дена за време на престојот на поранешниот српски репрезентативец и НБА кошаркар во овој манастир.
Како што дознава српски Курир, покрената е истрага со цел да се утврдат сите детали за земање пари од Радмановиќ.
Инаку, Владимир Радмановиќ (43) имаше завидна НБА кариера. Играше за седум клуба во најсилната лига во светот. Беше дел и од репрезентацијата на Србија која го освои златниот медал во Индијанаполис.
Што се однесува до приватниот живот, Владимир беше во брак со Марија Килибарда, позната српска водителка, но по само една година следуваше разводот.