ШОКAНТНО ТВРДЕЊЕ НА КАДИРОВ! Пригожин поради ќерката започна ВООРУЖЕН БУНТ?! Се обидов да го смирам, но бесот му преовлада
Рамзан Кадиров, лидерот на Чеченија, се огласи по одлуката на водачот на Вагнер, Евгениј Пригожин да стави крај на вооружениот бунт.
Кадиров тврди дека „огорченоста на Пригожин поради неуспешните деловни амбиции“ можела да доведе до крвопролевање.
– Мислев дека на некои луѓе може да им се верува и дека тие искрено ја сакаат својата татковина до срж како вистински патриоти, но се покажа дека заради лични амбиции и придобивки, односно ароганција, не можат да се грижат за наклонетоста и љубовта кон земја – рече Рамзан Кадиров на својот канал на Телеграм.
Тој наведува дека се обидувал да го смири Пригожин.
– Го повикав да ги напушти деловните амбиции и да не ги меша со прашања од национално значење. Мислев дека ме слушна, но излезе дека гневот во него само растеше цело време. Синџирот на неуспешни зделки предизвика длабоко вкоренет и долготрајно незадоволство кај бизнисменот, кое го достигна својот врв кога властите во Санкт Петербург не ѝ ја дадоа на ќерката посакуваната земја. Ароганцијата на еден човек може да доведе до такви опасни последици и да вовлече голем број луѓе во конфликт – вели Кадиров.
Чеченскиот лидер имаше порака и до членовите на Вагнер. – Ги повикувам сите борци на ПВК да продолжат да бидат трезвени во своите одлуки. Мислете на иднината на земјата и на вашите семејства и деца. Ваквите активности може да доведат до катастрофални резултати. Сега се заврши мирно, без крвопролевање, но можеше да се случи. Екстремна мерка би била брутално сузбивање и уништување на секој кој посегнува по интегритетот на Руската Федерација – додаде Кадиров.
Евгениј Пригожин, да потсетиме, ноќта меѓу петокот и саботата започна вооружен бунт , обвинувајќи го Министерството за одбрана за наводниот „напад од задниот дел“ на позициите на Вагнер, во кој, според неговите тврдења, голем број негови борци беа убиени.
Нејасното видео објавено од Пригожин покажува инаку уништен камп во шума и неколку тела војници, но тој не даде повеќе детали за местото и времето на нападот, туку само ги обвини редовните руски сили за артилериски и хеликоптерски напад. .
Сепак, Министерството за одбрана ги отфрли неговите тврдења.
Голем број членови на Вагнер потоа зазедоа позиции околу воените објекти во Ростов, каде што се наоѓа командата на руската армија на југ, додека дел од силите наводно продолжиле по автопатот М-4 кон Москва.
Евгениј Пригожин побара разрешување на министерот за одбрана Сергеј Шојгу и началникот на Генералштабот Валериј Герасимов и цело време предупредуваше дека единиците на Вагнер ќе го уништат секој што ќе им застане на патот.
Москва веднаш реагираше, го обвини Пригожин за вооружен бунт, а потоа започна антитерористичка операција на југот на земјата. Во Ростов наводно пристигнал конвој од членови на чеченската специјална бригада „Ахмат“, кој бил испратен да го задуши бунтот.
Договорот сепак беше постигнат по целодневна драма , со посредство на белорускиот претседател Александар Лукашенко. Единиците на Вагнер доцна синоќа почнаа да се повлекуваат во своите бази, додека Пригожин според договор на двете страни ќе оди во Белорусија. Москва ги отфрли обвиненијата против него.
Пригожин зборуваше доцна синоќа и потврди дека е постигнат договор.
– За еден ден стигнавме на само 200 километри од Москва. За тоа време не капнавме ниту една капка крв од нашите борци. Сега дојде моментот кога можеше да се пролее руска крв. Сфаќајќи ја сета одговорност за тоа дека ќе се пролее руска крв, решивме да ги свртиме колоните и да се вратиме во нашите теренски кампови – најави Пригожин.
На социјалните мрежи се појави видео на кое наводно се гледа како Пригожин го напушта Ростов . На видеото се гледа како толпата свирка и му аплаудира, а некои луѓе на улица го поздравуваат.