Снимката на која Олаф Шолц се симнува од возот, со сребрен куфер Римова во рака, привлече големо внимание кај новинарите, кои се прашуваа што носи германската канцелар во него.
Шолц откри дека во куферот носел прибор за патување и постелнина, како и други неопходни предмети.
Колку точно чини моделот на куферот што го носи Шолц не се знае, но на веб-страницата на производителот може да се забележи дека цените се движат и до 50.000 долари!
Пред да пристигне во Киев, Шолц најави дека ќе обезбеди оружје во вредност од 650 милиони евра, што предизвика шеги на социјалните мрежи дека можеби носел некое оружје во својот багаж.
Да потсетиме, тој во понеделникот пристигна во Киев на преговори со Володимир Зеленски за воена и хуманитарна поддршка.