– Шпанската левичарска Влада во пресрет на Меѓународниот ден на жената, денеска го претстави нацрт-законот кој има за цел да го зголеми уделот на жените во политиката и управувањето со бизнисот и да ја унапареди родовата еднаквост во една од водечките земји во светот по тоа прашање.
Законот за еднаква застапеност се обидува да го воведе принципот на целосна родова еднаквост на изборните листи и да наметне минимална застапеност на жените од 40 отсто во управните одбори на големите компании.
„Мораме да искористиме 100 отсто од женскиот талент во нашата земја за да ја подобриме продуктивноста на компаниите и со текот на времето да имаме посилен и поодржлив раст“, рече министерката за економија Надија Калвино по седницата на Владата, во која жените првпат во Шпанија бројчано ги надминаа мажите.