Штипските пожарникари во потрага по преживеани во Адана

– Kолони возила и едвај место за поминување, урнати згради, уништени патишта. Ова се сликите што ги дочекале штипските пожарникари кои се дел од вториот конвој кој е на терен во Адана и е во потрага по преживеани по катастрофалниот земјотрес во Турција. 

Командирот на ТППЕ-Штип, Дарко Коцев вели дека ситуацијата е страшна, и покрај тоа што очекувале и биле подготвени за вакво нешто. Се обидуваат да извлечат преживеани под урнатините во Адана, но велат бројката на загинати е многу поголема.

Сместени се во шатори, кои самите ги поставиле, но најважно за тимовите е, како што вели Коцев, да бидат на терен.