Разводот на родителите е секогаш тежок за децата, а главната задача на мама и тато е да се погрижат малечките што помалку да ја чувствуваат нивната разделба.
И тие се свесни за тоа, но возрасните често се обидуваат да им ја олеснат оваа ситуација на децата на погрешен начин – купувајќи играчки и натпреварувајќи се кој ќе им угоди повеќе, мама или тато.
Има и други работи кои разведените родители можат да ги направат за да им помогнат на своите деца да се помират со нивната разделба, а еве за што зборуваме.
1. На децата им треба мама и тато за да се разберат
И покрај тоа што се разведени, важно е мама и тато да останат во таква врска за да можат без проблем да бидат заедно на исто место кога им требаат на децата. На децата им треба и двајцата родители да бидат присутни кога слават роденден, кога имаат настан на училиште или кога одат на лекар. Ним им требаат мајка и татко кои можат да соработуваат во воспитувањето на децата, а не оние кои постојано ќе се натпреваруваат и расправаат, пренесува Телеграфи.
2. Важно е родителите да комуницираат со почит
Каков и да е односот помеѓу мама и тато по разводот, тие треба добро да разговараат, барем пред децата. На малите деца им требаат одговорни родители кои можат да се контролираат барем доволно за да не се расправаат и критикуваат едни со други пред децата.
3. Родителите мора да соработуваат по разводот
Ниту едно дете не сака мама и тато да се разведат, но и да се случи тоа, сепак му требаат двајцата родители. Тоа не значи дека мама и тато треба да останат во несреќен брак заради децата и подоцна да зборуваат колку се жртвувале кога донеле таква одлука. Наместо тоа, важно е децата да останат приоритет за двајцата по разводот. Затоа, мама и тато треба да се потрудат да соработуваат во заедничкото воспитување на децата, за малечките да имаат мир и сигурност без разлика на семејните околности.
4. На децата им е потребно нивните родители да го прифатат разводот
Разводот, дури и „најдостојниот“, е трауматичен настан, како за децата, така и за родителите. Сепак, на малите им требаат мама и тато кои ја преземаат одговорноста за нивните животи. Со други зборови, важно е и мама и тато да разговараат со терапевти за тие самите да ги залечат раните од разводот и потоа да можат да продолжат понатаму и да живеат среќен и исполнет живот