Што може да носите со себе при влез и излез од државава!? Царинска управа излезе со соопштение

Во периодот на летни одмори, кога поголемиот дел од македонските граѓани патуваат надвор од границите на Македонија често имаме дилема, што и колку ни е дозволено да носиме со нас.

Царнинската управа излезе со соопштение и ги прецизираше деталите:

ДОЗВОЛЕН ВЛЕЗ НА ПРЕРАБОТКИ ОД ТУТУН:

  • 200 цигари;
  • 100 цигаролоси;
  • 50 пури;
  • 250 гр. тутун.

ДОЗВОЛЕН ВЛЕС НА АЛКОХОЛНИ ПИЈАЛОЦИ:

  • 2 литри алкохол до 22%;
  • 1 литар алкохол над 22%.

ДОЗВОЛЕН ВЛЕС И ИЗНЕС НА ПАРИ ВО ГОТОВИНА:

  • при излез до 2.000€;
  • износот од 2 – 10.000€ треба да го пријавите и да приложите доказ за потекло од банка или менувачница;
  • при влез до 10.000€ – секој износ над овој треба да се пријави.

ДОЗВОЛЕН ВНЕС НА ПАРФЕМИ:

  • парфеми до 50мл;
  • тоалетна вода до 250мл.

ДОЗВОЛЕН ВНЕС НА СТОКА ОД НЕКОМЕРЦИЈАЛНА ПРИРОДА!

  • Стоката која ја внесувате од странство во вредност до 350€ е ослободена од плаќање на увозни. давачки, доколку истата е од некомерцијална природа (со исклучок на алкохолни пијалоци, преработки од тутун, парфеми и тоалетна вода.

ПРЕНОС НА МИЛЕНИЦИ

  • За секој домашен миленик сопственикот треба да има пасош и ветеринарно-здравствен сертификат.