Што се случува за време на парализа на спиење?

Парализата при спиење е состојба кога не можете да се движите или да зборувате додека се будите или заспивате.

Тоа може да биде страшно, но е безопасно и повеќето луѓе ќе го искусат само еднаш или двапати во животот, според британската Национална здравствена служба .

Што се случува за време на парализа на спиење?

За време на оваа епизода може да се чувствувате будни, но неспособни да се движите, да зборувате или да ги отворите очите;

Може да почувствувате дека некој е во вашата соба;

Како нешто да ве турка надолу;

Се чувствувате исплашено.

Овие чувства според британската служба можат да траат и неколку минути.

Кои се причините за парализа на спиење?

Парализата при спиење се јавува кога не можете да ги движите мускулите додека сте будни или додека спиете. Тоа е затоа што сте во состојба на сон, но вашиот мозок е активен.

Не е јасно зошто може да се појави парализа на спиење, но таа е поврзана со несоница, нарушен режим на спиење [поради работа во смени], нарколепсија, посттрауматско стресно нарушување (ПТСН) од генерализирано анксиозно растројство, со панично растројство или дури произлегуваат од семејна историја на парализа на спиење.