Што се случува со младината во Србија !? Нов страшен случај – уапсен ученик (16 г.) во Ниш, се заканувал со масовно убиство во одделенската група: “Ќе бидат убиени 30 луѓе!“
Министерството за внатрешни работи на Србија соопшти дека во околината на градот Ниш е уапсен и 16-годишник поради основано сомнение дека сторил кривично дело загрозување на безбедноста.
Се сомнева дека малолетникот на 3. и 5. мај објавил неколку заканувачки пораки во класната група на социјалната мреѓа Инстаграм, а меѓу другото напишал дека – „утре во Ниш ќе бидат убиени 30 лица“.
Кога полицијата извршила претрес во станот во кој живеел тинејџерот, пронашла два црни реплики пиштоли со придружните рамки и кутии.
Осомничениот малолетник е изведен пред надлежниот судија на суд во Ниш, кој му одредил мерка притвор, соопшти Министерството за внатрешни работи на Србија.