Што ќе биде со момчето што пукаше во Рибникар? Лекарите ја следат неговата состојба: Има 2 можности (фото)
На 14 и пол и три години затвор се осудени Владимир и Миљана Кецмановиќ, родителите на малолетникот кој пукаше во ОУ „Владислав Рибникар“ . Додека таткото на момчето останува зад решетки, мајката ќе биде во својот дом сè додека пресудата не стане правосилна и не оди на издржување на казната. За тоа време момчето кое изврши масовно убиство речиси една година и седум месеци е во детска психијатриска установа, а од октомври минатата година е без комуникација со родителите.
Момчето масовното убиство го изврши на 13-годишна возраст, затоа не одговара кривично, што значи дека не може да му се суди. Сега момчето е сместено во психијатриска установа. Таму се следи неговата состојба, а во текот на кривичните и граѓанските судски процеси, повеќе пати била прегледана неговата психичка состојба и здрав разум во моментот на извршувањето на кривичното дело.
Оние кои сè уште се во процес на лекување остануваат во психијатриското одделение, па не може со сигурност да се каже дали малолетниот сторител на убиството ќе остане доживотно во таа установа или во одреден момент ќе биде пуштен на слобода. Тој може да биде задржан во психијатриска болница сè додека постојат причини за тој притвор.
Момчето кое во меѓувреме оцрни десет семејства остана без контакт со родителите. Таткото, кој е во притвор, не може да стапи во контакт со него, а на мајката, во октомври минатата година и’ беше забрането да се приближува, да комуницира и да се сретне со синот. Ваквата одлука е донесена поради тоа што во текот на постапката момчето, освен сведок, добило и статус на оштетен, бидејќи неговите родители биле обвинети, а сега првостепено осудени за злоупотреба и занемарување на дете.
Деталите за неговата психичка состојба, како и за злоупотребата и занемарувањето, не и’ се познати на пошироката јавност, бидејќи судскиот процес беше затворен за јавноста, но денеска при изрекувањето на пресудата судијата истакна дека Владимир Кечмановиќ го нарекол својот син психопат и дека бил под притисок од мајка му дека мора да биде најдобар во училиште.
Судијата исто така истакна дека неговата емоционална состојба, развојот на моралните вредности, фактот што се жалел дека не се вклопува во општеството и затоа барал да го смени класот, како и препораката да го однесе кај детски психолог, не биле прифстени од неговите родители. Ова се веројатно само дел од факторите кои довеле до „пукањето“ и моментот кога момчето го искористило несовесното складирање оружје од татко му и одзело десет животи.