Ѓоковиќ донесе одлука која никој не ја очекуваше: Со овој потег пред да замине за Америка ја изненади цела планета (фото)
Еден од најдобрите тенисери во светот, Новак Ѓоковиќ, донесе изненадувачка одлука пред почетокот на американската турнеја.
Мастерсот во Синсинати е првиот турнир на кој Ѓоковиќ ќе игра по финалето на Вимблдон, бидејќи реши да го прескокне Роџерс купот.
Тој во кариерата двапати го освои турнирот во Синсинати и заедно со Карлос Алкараз ќе бидат први фаворити за титулата.
Но, Новак најави настап и во конкуренција на двојки, во која треба да игра со Никола Чачиќ.
Интересно е што некои други тенисери од самиот врв решија да се испробаат во двојки на овој турнир. Стефанос Циципас ќе игра во пар со Алехандро Давидович Фокин, Александар Зверев со Марсел Мело, Андреј Рублев со Макс Персел и Хуберт Хуркач со Мата Павиќ.
Мастерсот во Синсинати започнува на 13 август, а потоа на програмата е УС Опен од 28.