Чешкиот тенисер Јакуб Меншик приреди вистинска сензација на турнирот во Доха, каде го елиминираше првиот носител рускиот тенисер Андреј Рубљов.
Овој 18-годишен тенисер важи за еден од најголемите таленти на светскиот тенис, а тоа сега го докажа и во Катар, каде еден по друг ги нокаутираше сериозните играчи.
Прво пред него падна Алехандро Давидович Фокина, потоа легендарниот Енди Мареј, а сега го елиминира и главниот фаворит за титулата Андреј Рубљев.
Меншик стана првиот тенисер кој на 18 години победил играч од Топ 5 по Карлос Алкараз, кој успеал да направи вакво нешто на 18 години.
Следен ривал на младиот Чех во полуфиналето ќе биде Гаел Монфис, додека во вториот дуел ќе се сретнат Алексеј Попирин и Карен Хачанов.
Интересно е што талентот на Меншик го препозна и најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ, кој тренираше со него пред две години во Херцег Нови во Црна Гора, каде Новак има луксузен апартман.
Тогаш често тренираа заедно, а Меншик објави и фотографија со најдобриот тенисер на сите времиња, кој е и негов идол, како што откри во интервју за АТП.
– Мојата тениска инспирација е Новак Ѓоковиќ. Без него немаше да бидам тука, поради него почнав да играм тенис, тој е мојот најголем идол.
На прашањето кој би бил неговиот идеален натпревар, тој повторно одговори против Новак Ѓоковиќ.
– Тоа би било против Новак Ѓоковиќ на Австралија Опен, сигурно – заврши Меншик.
Интересно е што младите тенисери се повеќе го фалат Новак и откриваат како тој им помогнал во раните фази од кариерата. Така некогаш беше случајот со Холгер Руне, претходно и со Данило Медведев, Денис Шаповалов, Александар Зверев…
Новак продолжува да биде инспирација за младите надежи, а сигурно е дека Меншик наскоро ќе стане сериозно име кое ќе се појави и на Грен слем турнирите.