„Нема противкандидат што го очекував или посакував. Кој и да дојде е послаб од мене. Подготвен сум да победам, кој и да е противкандидат“, нагласи тој.
Претседателскиот кандидат на Демократската партија на социјалистите (ДПС), Мило Ѓукановиќ, кој на вчерашните претседателски избори освои 35,3 отсто од гласовите, изјави дека ова е уште еден транспарентен демократски процес и дека изборите поминале во мирна атмосфера. Ѓукановиќ изјави дека е задоволен од нивото на поддршка.
„Сакаме да потврдиме дека Црна Гора секој ден е сè поблиску до својата стратешка цел и дека е сè поблиску до она што е крајната цел на политиката – квалитетот на животот во Црна Гора врз основа на квалитетот на граѓаните на Европската Унија“, изјави Ѓукановиќ.
Тој истакна дека во првиот круг го постигнале токму тоа што го планирале, над 120.000 гласови.
„Тоа го сметам за вреден резултат што ме исполнува со задоволство“, изјави Ѓукановиќ.
Тој рече дека резултатите од овие избори потврдиле дека на Црна Гора ѝ се потребни парламентарни избори.
Им се заблагодари на сите граѓани кои го поддржаа и им честиташе на противкандидатите. Тој истакна дека на него е да ја зачува и подобри предноста во следните 14 дена.
Ѓукановиќ јасно кажа дека очекува победа и дека секој кандидат што ќе дојде е „послаб од него“.
„Нема противкандидат што го очекував или посакував. Кој и да дојде е послаб од мене. Подготвен сум да победам, кој и да е противкандидат“, нагласи тој.