„Ѕверот се врати“: Легендарниот Бразилец се враќа во Реал Мадрид по 17 години

Бразилецот Хулио Баптиста пристигнува во Реал Мадрид како тренер во фудбалската академија на Кралскиот клуб, според вестите објавени денес од Марка.

„Ѕверот се врати“, пишува шпанскиот весник, осврнувајќи се на поранешниот играч на Реал, кој ја започна својата професионална кариера во бразилскиот клуб Сао Паоло.

Потоа се пресели во Севиља, а во Реал пристигна во 2005 година во трансфер вреден 20 милиони евра.

Тој го добил прекарот Ла Бестија (Ѕверот) поради неговата физичка сила и моќен шут, а можел да игра на сите позиции во нападот и средниот ред.

Сепак, конкуренцијата во Реал беше преголема, па тој беше позајмен во Арсенал, а во 2008 година премина во Рома, додека подоцна играше за Малага, Орландо, Крузеиро и Клуж.

Баптиста беше и член на бразилската репрезентација, со која освои две Копа Америка.

Како тренер, тој водеше разни младински категории во Ваљадолид, но остана во многу добри односи со раководството на Реал Мадрид, поради што ја доби оваа работа.