ЈАВНОСТА Е НА НОЗЕ, МАКЕДОНИЈА БАРА ОДГОВОР – Следете ја во живо прес-конференцијата на Оливер Спасовски и Гаврил Бубевски

ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈАТА НА ОЛИВЕР СПАСОВСКИ И ГАВРИЛ БУБЕВСКИ СЛЕДЕТЕ ЈА ТУКА (кликнете ОВДЕ и следете ја прес-конференцијата).

Македонија е обвиена во црно. Трагично заврши потрагата по Вања Ѓорчевска која исчезна на пат кон уличиште на 27. ноември (понеделник). 14-годишното девојче е убиено истиот ден, а според информациите крвавиот чин се случил два и пол часа по киднапирањето.

Една недела јавноста во Македонија интензивно ја бараше Вања Ѓорчевска, но потрагата заврши на најлош можен начин.

Претходната вечер (недела), Министерството за внатрешни работи (МВР) ја сподели трагичната вест за убиството на 14-годишното девојче кое исчезна на пат нон училиште.

Убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, отвори многу прашања и мистеријата стана голема. Јавноста е на нозе и сите бараат одговори овој случај.

Панче Жежовски и Вања Ѓорчевска

Денес (понеделник) за во 09:30 часот е закажана прес-конференција на Министерството за внатрешни работи (МВР) на чело со Оливер Спасовски и главниот јавен обвинител Гаврил Бубевски.

Прес-конференцијата на МВР ќе можете да ја проследите во живо на нашиот веб-портал. Следете не бидејќи вие имате право да ја знаете вистината.