Јавното обвинителство отвори предмет против Мерко и Јакимовски

Јавното обвинителство денеска соопштува дека отворило предмети и за други лица кои се на оваа листа.

„За останатите лица кои се на црната листа, има постапка против Рамиз Мерко, против Стевчо Јакимовски и против други лица од црната листа.

Од наша страна постапено е речиси со сите лица кои се на црната листа“, вели Коцевски.

Потсетуваме дека Обвинителството отвори предмет и против Артан Груби и судијата Енвер Беџети.