Јагодите се одличен извор на растителни влакна, витамин Ц и антиоксиданти, а вашето здравје може да има голем број придобивки доколку ги вклучите во исхраната.
Со доаѓањето на потоплите денови започна сезоната на јагодите, вкусна и омилена намирница на многумина. Постојат многу причини зошто треба да јадеме јагоди, кои периодов ги има во изобилство на зелените пазари.
Јагодите се одличен извор на растителни влакна, витамин Ц и антиоксиданти, а вашето здравје може да има голем број придобивки доколку ги вклучите во исхраната.
Една порција јагоди на вашиот организам ќе му даде околу 150 проценти од потребното дневно количество на витамин Ц. Витаминот Ц е есенцијален во битката со инфекции, настинки и грип.
Витаминот Ц му е потребен на телото со цел да произведува колаген кој ја подобрува еластичноста и отпорноста на кожата. Со оглед на тоа што со производството на колаген се намалува стареење, консумирањето храна која е богата со витамин Ц би можела да ѝ помогне на вашата кожа долго да остане млада и здрава.
Како одличен извор на калиум, јагодите помагаат за намалување на високиот крвен притисок. Доколку се борите со хипертензија и имате кардиоваскуларни болести како последица на тоа, исхрана богата со калиум може да ви помогне за намалување на ризикот што би можел да настане од овие заболувања.
Специјалните состојки што ги има во јагодите, наречени флавоноиди, имаат моќ да се борат со канцерот и оксидативниот стрес.
Исто така, јагодите имаат релативно низок гликемиски индекс, што значи не предизвикуваат екстремно влијание на шеќерот во крвта.