Јогуртот е познат по своите пробиотски својства, но новото истражување сугерира дека може да има уште една важна здравствена корист. Новото истражување сугерира дека редовното консумирање јогурт може да го намали ризикот од одредени видови на рак на дебелото црево.
Јогуртот содржи корисни бактерии кои можат позитивно да влијаат на цревната микробиота и да го намалат ризикот од разни болести. Научниците анализирале примероци од ДНК од тумор од 1.121 пациент со рак на дебелото црево и барале присуство на бактеријата Бифидобактериум, која често се наоѓа во јогуртот. Тие откриле дека речиси една третина од пациентите ја имале оваа бактерија во примероците од туморот, додека останатите 69 проценти ја немаат бактеријата.
Иако не беше покажана севкупна поврзаност помеѓу консумирањето јогурт и помалиот ризик од рак, пациентите кои јаделе најмалку две порции неделно имале 20 проценти помал ризик од развој на рак на дебелото црево.
Експертите веруваат дека зголемената потрошувачка на јогурт може да има позитивно влијание врз цревната микробиота
“Долго се веруваше дека јогуртот и другите ферментирани млечни производи имаат позитивен ефект врз здравјето на дигестивниот систем. Нашите наоди сугерираат дека овој заштитен ефект може да биде поврзан со присуството на бактеријата Bifidobacterium во туморите”, вели еден од авторите на студијата, научникот д-р. Томотака Угаи за Дејли Експрес.
Затоа, експертите веруваат дека зголемената потрошувачка на јогурт може позитивно да влијае на цревната микробиота и на тој начин да го намали ризикот од развој на рак.
Гастроентерологот Др. Ендрју Т. Чан нагласува: „Оваа студија дополнително ја потврдува поврзаноста помеѓу исхраната, цревната микробиота и ризикот од рак на дебелото црево. Ова отвора нови области на истражување за подобро разбирање на улогата на исхраната во превенцијата од рак“.
Ракот на дебелото црево е еден од најчестите облици на рак во светот и, според експертите, исхраната може да има клучна улога во неговата превенција.