Јанкулоска е ослободена од обвиненијата за случајот „Тврдина“, 24 години затвор за Бошковски и Грујевски
Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, е ослободена од обвиненијата за случајот „Тврдина“ за масовното прислушување, каде меѓу обвинетите беше и поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, чии дела беа застарени во најголемиот случај „Таргет-Тврдина“. Ова денеска беше соопштено на пресудата во Основниот суд 1 во Скопје.
Поранешниот шеф на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски е осуден на 3 години затвор, вклучувајќи го и времето поминато во домашен притвор.
Во отсуство беа осудени и Горан Грујевски и Никола Бошковски, поранешните шпиони кои избегаа и не беа екстрадирани од Грција. Грујевски е осуден на 14 години и 6 месеци затвор, а Бошковски на 9 години и 10 месеци.
Обвинетите беа обвинети за злоупотреба на службената положба и фалсификување документи поврзани со уништување на системите за следење на комуникациите во УБК.
Апелација еднаш ја укина пресудата за случајот „Таргет-Тврдина“. Тогаш предметот 9 месеци беше во фиока пред апелациониот судија Енвер Беџети, додека Судскиот совет само му изрече парична казна.
Во овој случај обвинети се вкупно 11 лица кои според првостепената пресуда укината од Апелациониот суд се осудени на вкупно 55 години затвор и 10 години условно. Апелациониот суд во Скопје во декември 2022 година соопшти дека ги прифатил жалбите на седуммина обвинети во овој случај, поточно на сите осудени на затворска казна, со исклучок на Владимир Варелов, кој беше осуден на две години условно.
Судењето започна во декември 2017 година, а пресудата беше донесена по повеќе од три години, во февруари 2021 година.