– Во Јапонија ова лето е регистрирана највисоката просечна температура откога е започнато нејзино евидентирање пред 125 години, соопшти Јапонската метеоролошка агенција.
Просечната температура од јуни до август изнесувала 1,76 степени Целзиусови, повисока од 30-годишниот просек, објави јапонската телевизија НХК повикувајќи се на Јапонската метеоролошка агенција.
Температурата е за три степени повисока во северна Јапонија.
На 10 август, во градот Итоигава во префектурата Нигата, на западниот брег на Јапонија, е забележана најтоплата ноќ во земјата досега, во која температурата не паднала под 31,4 Целзиусови степени.
Рекорди во ноќните температури се забележани на 248 локации низ целата земја.
Температурата на површината на морето околу Јапонија, исто така, се зголемила за еден степен од просекот. Тоа е, исто така, највисока температура од почетокот со евидентирање во 1982 година.
Минатиот понеделник, јапонските научници летото 2023 година го опишаа како „абнормално“.