Јасна поддршка за нашата независност“ – Зеленски им се заблагодарува на европските лидери

Володимир Зеленски им се заблагодари на европските лидери за нивната изјава во поддршка на Украина утрово.

Секоја нација во блокот, освен Унгарија, го повика Доналд Трамп да не го исклучува Киев од разговорите за неговата иднина, објавува „Телеграф“.

Украинскиот претседател им се заблагодари на 26-те лидери за нивната „јасна поддршка за нашата независност [и] територијален интегритет“.

Тој, исто така, го повтори своето предупредување синоќа дека Русија „не се подготвува да ја заврши војната“, туку наместо тоа се подготвува за „нови офанзивни операции“.

Инаку, во петок се очекува средба на американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот руски колега Владимир Путин, каде во Алјаска се очекува тема на разговор да биде војната во Украина.