“ЈАС СУМ: СЕЛИН ДИОН“ – Доаѓа документарец за една од најголемите музички ѕвезди: Пејачката со него сака да им помогне на другите кои ја имаат истата дијагноза

Новиот документарен филм за Селин Дион има за цел да едуцира за синдромот на вкочанета личност, невролошко пореметување кое беше дијагностицирано на пејачката, пишува The Guardian

I Am: Celine Dion“, што ќе го објави Amazon-MGM, е филм за една година од животот на успешната пејачка и нејзината борба со синдромот што влијае на нејзиниот ‘рбетниот мозок и мозокот.

Синдромот на вкочанета личност, првпат дијагностициран во 1956 година, е ретко автоимуно невролошко нарушување кое може да предизвика прогресивна вкочанетост на мускулите и болни грчеви во долниот дел на грбот, нозете и торзото. Се проценува дека влијае на еден до двајца на милион луѓе.

Последните неколку години беа вистински предизвик за мене, патувањето од откривање на мојата состојба до учење како да живеам со неа и како да се справувам со неа, но не дозволувам тоа да ме дефинира“, изјави ѕвездата. 

Таа признава дека и недостасуваат обожавателите и дека за време на нејзиното отсуство од сцената решила да сними документарец за да им помогне на другите со истата дијагноза.

слика
Селин Дион

Официјалниот синопсис на филмот го опишува документарецот како „емотивно, енергично и поетско љубовно писмо до музиката“, а Џенифер Салке, директорка на студиото Amazon-MGM, го пофалува како „суров, интимен приказ на клучно време“. Поради нејзината дијагноза, Селин Дион ги одложи настапите во 2023 година, а нејзината сестра се огласи последен пат во декември:

Таа нема контрола над нејзините мускули“, истакна таа.

Селин Дион има продадено повеќе од 250 милиони албуми за време на нејзината 40-годишна кариера, а неодамна се појави во романтичната комедија „Love Again“. Датумот на објавување на документарниот филм сè уште не е познат, но се знае дека е режиран од Ајрин Тејлор, номинирана за Оскар. Датумот на објавување на документарецот се уште не е познат.