Израел им потврди на американските власти дека лидерот на Хамас Јахја Синвар е мртов, додека министерот за надворешни работи им кажа на многу свои колеги.
Тие тврдења се засноваат на првично ДНК тестирање, изјави лице блиско до истрагата, пренесува Си-Ен-Ен.
Како што јавува Би-Би-Си, израелскиот министер за надворешни работи, Израел Кац, испратил приватни пораки до десетици колеги ширум светот во кои потврдил дека Синвар е убиен.
Тој изјави дека лидерот на Хамас бил убиен денеска од израелски војници, опишувајќи го како „мозок зад масакрите и злосторствата“ на 7 октомври.
„Ова е значајно воено и морално достигнување за Израел и победа за целиот слободен свет против оската на злото на радикалниот ислам предводена од Иран. Отстранувањето на Синвар отвора можност за итно ослободување на заложниците и го отвора патот за промена која ќе доведе до нова реалност во Газа – без Хамас и без иранска контрола“, рече Кач.
Синвар го води Хамас во Газа од 2017 година, откако се приклучи на неговите редови во раните 1980-ти.