Ја силувал, а потоа ја претепал девојката со мотика и тула! Познат актер уапсен по брутални обвинувања

Актерот Мајкл Пит (44), познат по улогите во хит серијата „Boardwalk Empire“ и филмови како „Funny Games“ и „The Dreamers“, беше уапсен откако неговата поранешна девојка го обвини за долгогодишно сексуално и физичко злоставување.

Актерот Мајкл Пит беше приведен минатата недела, но набрзо беше ослободен од притвор со кауција од дури 100.000 долари, како што објави американскиот TMZ.

Иако морничавите обвинувања станаа јавни дури оваа недела, според обвинението, насилството се случило помеѓу април 2020 и август 2021 година.

Неговата поранешна партнерка тврди дека Пит ја силувал повеќе пати, а физичкото насилство вклучувало напади со дрвена прачка и тула. 

Пит се изјасни за невин на суд, додека неговиот адвокат, Џејсон Голдман, вели дека актерот „е суден врз основа на неосновани тврдења од минатото“:

– За жал, живееме во свет каде што човек кој го посветил својот живот на уметноста е обвинет без докази. Уверени сме дека ќе го добиеме овој случај –  рече Голдман.

Ова не е прв пат Мајкл Пит да биде во центарот на скандал. Пред три години, актерот беше уапсен и врзан од Итна помош откако предизвика хаос на јавно место.

Сведоците го снимиле како пука во минувачи од покривот на зграда во Бруклин, облечен само во кратки панталони. Потоа полицијата изјави дека тој е „емоционално нестабилен“ и го однесе во болница.

Неколку месеци пред тој инцидент, Пит бил уапсен за напад и кражба – нападнал човек на улица, а кога наишол на отпор, почнал да го удира во главата и му го украл мобилниот телефон.

Златното момче на Холивуд од 2000-тите, чии улоги некогаш беа славени како брилијантни, сега стана синоним за насилство, хаос и непредвидливо однесување.