Овој ароматичен зачин штити и од кариес и го намалува лошиот здив токму благодарение на неговото антимикробно дејство кое ги убива микроорганизмите и го спречува нивниот раст, а во оралната хигиена можете да го користите и за подготовка на природна паста за заби.
Она што е малку познато е дека циметот , кој најчесто го користиме како зачин, има неколку придобивки за нашето тело. Имено, освен пријатниот и ароматичен вкус, циметот ни го подига нивото на енергија, а за да го трошиме повеќе, можете да го додадете во утринското кафе, житариците, смути, чајот или да го посипете на тост намачкан со мед.
Циметот помага во борбата против бактериски и габични инфекции, благодарение на неговата главна компонента – цинамалдехид.
Исто така ја ублажува кашлицата. Измешајте 1/4 лажичка цимет и една лажичка мед. Консумирајте три пати на ден и кашлицата треба да исчезне во рок од два дена.