Јелена го ,,запали” интернетот: Зборовите на Карлеуша за Додик и Ѓоковиќ го шокираа Балканот! (ФОТО)
Српската пејачка Јелена Карлеуша на Инстаграм објави порака во врска со прозивката што претседателот на Република Српска, Милорад Додик, му ја упати на семејството Ѓоковиќ за време на неформален разговор пред почетокот на емисијата „Око“ на РТС.
Во одбрана на Додик дојде Карлеуша.
-Тоа што Додик го кажа за семејството на Ѓоковиќ, со години не го кажувате, нели?! Извинете, не те препознав! О, како лажете, ве обожавам. Лажење на ниво- рече популарната ЈК и истакна дека и’ самата можела да каже што било во емитувањата за време на рекламите.
Милорад Додик се огласи по објавувањето на видеото и рече дека „ќе продолжи да го почитува и цени успехот на неповторливиот Новак Ѓоковиќ и да го почитува и цени неговото семејство како и досега“.