Банкарскиот систем на САД е силен и Американците можат да бидат сигурни дека нивните влогови ќе бидат достапни секогаш, благодарејќи на одлучните чекори преземени откако банката на Силиконската долина беше неспособно да го запре подигањето на влоговите што доведе до нејзин колапс, изјави министерката за финансии на САД Џанет Јелен.
Таа синоќа настапи пред сенатската Комисија за финансии укажувајќи дека Министерството за финансии и другите регулатори презеле вонредни мерки за засилување на довербата на населението кон банкарскиот систем.
-Можам да ги уверам членовите на комисијата дека нашиот банкарски систем е сигурен и дека Американците можат да бидат уверени дека нивните влогои се целосно заштитени, изјави Јелен,
-Дејствијата преземени неделава ја демонстрираат нашата одлучност за приврзаност кон обезбедување на влоговите на штедачите.
Ова беше прво настап на Јелен во Конгресот, откако минатиот викенд беа преземени вонредни мерки за подршка на штедачите и зголемување на ликвидноста на банкарскиот сектор на САД.