Јирген Клоп стави крај на шпекулациите: Познато дали Мохамед Салах ќе замине во Саудиска Арабија или ќе остане лојален на Ливерпул
Во петокот тренерот Јирген Клоп беше прашан за наводниот интерес на саудискиот клуб Ал-Итихад за египетскиот напаѓач на „Црвените“.
„Тешко е да се коментираат медиумски стории, од наша гледна точка нема што да се каже. Мохамед Салах е играч на Ливерпул, тој е, беше и ќе ни биде важен. Ако имаше нешто, одговорот ќе беше – не“, рекол Јирген Клоп на прес-конференцијата за новинарите.
За Германецот, Мохамед Салах е „100 отсто“ посветен на „Црвените“ и нема што повеќе да се разговара. „Мојата филозофија е да размислувам за некој проблем кога имам таков. Во моментов не постои“, нагласил тренерот на Ливерпул.
Египетскиот фудбалер минатото лето го продолжи договорот со Ливерпул до јуни 2025 година. Саудискиот клуб Ал-Итихад наводно подготвил неверојатна понуда за 31-годишниот Мохамед Салах, поранешниот напаѓач на Рома, откако веќе ги доведе Карим Бензема, Н’Голо Канте и Фабињо.