Манчестер Јунајтед се договори со своето прво летно засилување, а бразилскиот напаѓач Матеус Куња (25) ќе стане новото засилување на „Црвените ѓаволи“, објави Фабрицио Романо.
Романо објави дека Куња се согласил на трансферот и сега остануваат само малите работи за да се комплетира, а 25-годишникот дефинитивно ќе им се придружи на „Ѓаволите“ на почетокот од летниот преоден рок.
Моментално, Куња е член на Вулверхемптон, за кого игра добро оваа сезона, а во договорот има откупна клаузула од 74 милиони, која Јунајтед ќе ја активира.
Куња оваа сезона постигна 15 гола во Премиер лигата и уште два во ФА Купот за Вулверхемптон, а претходно играше за Сион, Лајпциг, Херта и Атлетико Мадрид. Тој има 13 настапи за бразилската репрезентација.
Претходно, Јунајтед беше поврзуван и со доведување на напаѓачи како Виктор Ѓокерес и крилниот напаѓач Рајан Черки, и останува да се види дали овие опции сега се отфрлени или тимот од Олд Трафорд ќе се одлучи и за нив.