Љубоморни, сомнителни, рамнодушни… Луѓето родени во овој знак имаат најголеми шанси да бидат сами, без љубовен партнер
Иако нивните чувства се моќни, љубовта на Шкорпијата е тешко да се поднесе.
Иако веројатно секој би сакал да постигне долготрајна романтична врска , се чини дека такво нешто не е предодредено за сите луѓе.
Всушност, астрологот Алис Алта смета дека најмногу шанси да останат сами имаат родените во знакот на Шкорпија.
Шкорпиите имаат тенденција да имаат бурни врски и ако не се подготвени да растат и да се развиваат или не можат да најдат партнер кој е подготвен да ги трпи, веројатно ќе имаат проблем да задржат стабилна врска.
– Нивните чувства се моќни и диви, но нивната љубов можеби е тешко да се поднесе – вели Алис и додава:
– Љубомората, сомничавоста, високите барања, самоуништувањето и викањето на партнерот се само неколку капки во морето на романтичните предизвици на Шкорпијата.
Шкорпиите често се плашат да развијат длабоки чувства и можеби бараат физички односи наместо емотивни.