ЉУПЧО ПАЛЕВСКИ САКАЛ ДА ЈА КРЕНЕ ЦЕЛАТА ДРЖАВА НА НОЗЕ !? Палчо на само 12 дена пред бруталното убиство на Вања Ѓорчевска направил изненадувачки потег за кој ќе се дебатира и во Собранието ?
Љупчо Палевски – Палчо, осомничен за двојно убиство – случај што ја обви Македонија во црно, направил шокантен политички потег неколку дена пред монструозните злосторства.
Една недела пред убиството на Панче Жежовски (74 г.) од Велес и 12 дена пред киднапирањето и бруталното убиството на Вања Ѓорчевска (14 г.) од Скопје, Љупчо Палевски како граѓанин поднел предлог за референдум до Собранието.
Таа точка е ставена на дневен ред на седницата закажана за 22. декември и се предлага одржување референдум на државно ниво за целата територија на Македонија со референдумско прашање:
„Дали сте за договорот меѓу Република Македонија и Република Бугарија склучен на 1. август 2017 година ?“.
Дел од медиумите јавуваат дека, сепак, треба да се соберат 150.000 потписи за да се распише референдум на државно ниво.
Љупчо Палевски е лидер на контраверзната партијата Десна.
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, потврди дека Љупчо Палевски при неговото бегство имал контакт со членови на неговата партија Десна и дека нивната улога се уште се истражува.
Министерството за надворешни работи на Турција, да потсетиме, претходниот ден соопшти дека на Љупчо Палевски му е одреден екстрадиционен притвор од 40 дена.