Ќе бидам среќна ако Мицкоски ми го покаже планот за евроинтеграциите на земјата, вели Агелер

Ќе бидам среќна ако Мицкоски ми го покаже планот за евроинтеграциите на земјава, но уште поважно е транспарентно да го покаже пред граѓаните, вели американската амбасадорка Анџела Агелер во интервју за ТВ 24.

„Важно е да ги видат и деталите за секој план кој би ги решил тековните проблеми со другите земји, со предизвиците на земјата. Се надевам дека гласачите во земјата бараат од сите кандидати многу јасно да разберат кои се нивните планови за во иднина и како се надеваат дека ќе ги спреведат“, рече Агелер.

Коментирајќи го преизборниот процес и работата на техничката влада, Агелер порача: „Ве молиме, донесете ја вистинската одлука за придвижување на оваа земја напред кон нејзините европски аспирации. И Мицковски ќе ви потврди дека го имав истиот разговор со него.

Вели дека не сака да шпекулира за тоа колку ќе трае техничката влада.

„Се надевам дека за луѓето на оваа држава и за доброто на оваа земја, дека после 9 мај ќе има јасно решение, власта и владејачката структура на земјата да можат да продолжат напред. Но, не можам да шпекулирам што всушност ќе се случи“, рече Агелер.

Таа уверува дека партнерството меѓу САД и Македонија ќе продолжи, но дека ќе бидат разочарани ако не се донесат уставните измени.