ЌЕ ДОБИЕ ЛИ НАТО УШТЕ ЕДНА НОВА ЗЕМЈА-ЧЛЕНКА !? Претседателот на комитетот за проширување повика поранешна земја на Советскиот Сојуз да се приклучи на Алијансата
Претседателот на Европскиот комитет за проширување на НАТО, Гунтер Фелингер, ја повика Ерменија да се приклучи на Северно-Атлантската Алијанса, а тој ова јавно го напиша и на својот профил на социјалната мрежа Х (Твитер).
„Ја поканувам Ерменија да влезе во НАТО“, напиша Гунтер Фелингер, обраќајќи му се на ерменскиот премиер Никол Пашинјан.
Тој ја додаде фразата „брани ја Ерменија“ и го означи профилот на претседателот на САД, Џо Бајден, во објавата.
На границата меѓу Ерменија и Азербејџан периодично се случуваат конфликти. Последното сериозно влошување се случи ноќта на 13. септември 2022 година. Како што изјави Алексеј Шевцов, заменик-секретар на Советот за безбедност на Руската Федерација, Русија сепак предлага да се распореди набљудувачка мисија на ОДКБ на ерменско-азербејџанската граница.
Ерменија е членка на ОДКБ, во која се вклучени и Белорусија, Казахстан, Киргистан, Русија и Таџикистан.
Во исто време, секретарот на ерменскиот совет за безбедност, Армен Григорјан, претходно изјави дека членството во ОДКБ создава „одредени проблеми“, но не ја ограничува соработката со другите земји.