“ЌЕ СЕ УНИШТАТ САМИТЕ!“ – Се огласи Володимир Зеленски за бунтот во Русија: “Слабоста е очигледна, хаосот не може да се сокрие“

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес со објава на социјалната мрежа Твитер ја искоментира ескалацијата на конфликтот меѓу приватната воена компанија Вагнер и руската редовна Армија.

Секој што го избира патот на злото, се уништува себеси“, оцени украинскиот претседател.

Оној кој испраќа колони војници да ги уништат животите на друга земја и не може да ги спречи да бегаат и да предадат кога ќе наидат на отпор. Оној што тероризира со проектили, а кога ќе бидат соборени, се понижува да прими дронови. Оној што ги презира луѓето и фрла стотици илјади во војната, за на крајот да се забарикадира во Подмосковјето бегајќи од оние што самиот ги вооружува. Русија долго време користи пропаганда за да ја прикрие слабоста и глупоста на својата влада. И сега владее таков хаос што ниту една лага не може да го сокрие“, стои меѓудругото во објавата на Володимир Зеленски.

Слабоста на Русија е очигледна. Целосна слабост. И колку подолго Русија ги држи своите војници и платеници на нашата земја, толку повеќе ќе има хаос, болка и проблеми подоцна. Ова е исто така очигледно. Украина е способна да ја заштити Европа од ширењето на руското зло и хаос“, напиша Володимир Зеленски во пораката по најновиот развој на настаните на југот од Русија