Џек во затвотско одело и лисици: Најголемата разузнавачка кражба после Викиликс – откриено е кој бил шпиониран од САД
Џек Тешеира, осомничен за објавување доверливи воени разузнавачки информации во случај што ја потресе светската јавност, штотуку е изведен пред судот во Бостон.
Тој во судницата влезе во затворски одело и лисици на рацете. На неговото сослушување присуствуваа тројца членови на неговото семејство, но нивниот идентитет засега не е познат, пишува CNN.
Според последните информации, судиите одлучиле да го задржат во притвор до понатамошно известување. Тој беше обвинет дека незаконски земал и чувал доверливи документи и материјали.
Да потсетиме дека Тешеира во четвртокот беше приведен од ФБИ, а неговото апсење уследи по брзата потрага на американската влада за идентитетот на лицето кое објави доверливи документи на социјалната медиумска платформа популарна меѓу видео гејмерите.
Американскиот државен обвинител Мерик Гарланд рече дека ФБИ го привела Тешеира во врска со Истрагата за неовластено одземање, задржување и пренесување на доверливи информации за националната одбрана.
Имено, минатата недела на интернет се појавија доверливи информации на Пентагон за сојузници и противници, кои аналитичарите ги оценија како најголема кражба на разузнавачки информации откако Викиликс објави повеќе од 700.000 документи, видеа и дипломатски телеграми.
Во документите, меѓу другото, беше наведено дека САД ги шпионирале сојузниците, но и противниците, дека бил шпиониран и претседателот на Украина, Володимир Зеленски, дека израелскиот Мосад бил со демонстрантите кои се против реформите на владата и судството.