Џенифер Лопез најави светска турнеја: Во кои европски градови ќе настапува

Џенифер Лопез неодамна ги објави датумите на нејзината светска турнеја „Up All Night Live“, а во рамките на неа ќе одржи концерти и во Европа.

55-годишната ѕвезда ќе настапува во Турција, Шпанија, Унгарија, Италија, Полска и Романија, како и во други земји како Казахстан, Обединетите Арапски Емирати, Ерменија и Египет.

Еден од најблиските концерти до граѓаните на Македонија ќе се одржи на 20 јули во Будимпешта, а настапи ќе има и во Букурешт, Мадрид, Истанбул, Варшава и Барселона.

„За сите мои меѓународни обожаватели, ќе направам неколку избрани шоуа во текот на летото. Едвај чекам да се вратам за да ве видам сите. Помина предолго. Ќе биде неверојатно лето“, напиша таа претходно во својата објава на Инстаграм.

Таа исто така изјави дека повеќе информации ќе има на нејзиниот Инстаграм профил бидејќи наскоро ќе објавува информации за продажба на билети.

Како дел од турнејата „Up All Night Live in 2025“, Лопез ќе ги изведе некои од најголемите хитови во кариерата, како што се: „On The Floor“, „Waiting For Tonight“, „Let’s Get Loud“, „Love Don’t Cost a Thing“, „If You Had My Love“, „Jenny From The Block“ и многу други.