Џорџ Клуни изненади со промена на имиџот: Препознатливата сива коса ја обои кафеава

Џорџ Клуни беше фотографиран во Њујорк со сопругата Амал Клуни, а сите беа изненадени од неговата промена на бојата на косата. Тој ги обои своите препознатливи сиви прамени во кафена боја.

Имено, 63-годишниот актер бил забележан на ручек со сопругата Амал, а во исто време го покажал својот нов имиџ – обоена кафена коса.

Клуни и неговата 47-годишна сопруга биле видени веднаш по ручекот во францускиот ресторан Раул, каде што се сретнале со нивниот пријател адвокат Кевин Џонсон.

Додека некои се прашуваа дали се работи за средовечна криза, бидејќи актерот со години е препознатлив токму по седата коса, тоа не беше причина за промената на имиџот.

Имено, додека многу холивудски ѕвезди се свртеа кон боење на косата за да се обидат да ја оживеат својата младост, новиот изглед на Клуни беше поттикнат од неговото претстојно деби на Бродвеј.

Тој ќе глуми во претставата „Добра ноќ и среќа“, адаптација на истоимениот филм од 2005 година, кој претходно го напиша, режираше и глумеше. Во новата претстава актерот и режисер ќе го играат новинарот Едвард Р.Мароу.

За разлика од бојата на косата, Клуни го задржа стилот на облекување и носеше црна кожна јакна, која ја искомбинираше со лежерни беж панталони и класични црно-бели патики на Адидас. Носел и очила за сонце и носел голем црн ранец.