Одреден притвор за криминалците од нарко – картелот кои шверцуваа кокаин: Поранешниот фудбалер останува во затвор, еве од кого ја купиле дрогата

Поранешниот фудбалер е уапсен во Белград со петмина негови соработници, под сомнение дека во периодот од 2020 до 2021 година од Еквадор во Солун прошверцувале 324 килограми кокаин.

Судија за претходна постапка на Вишиот суд во Белград – Специјално одделение за организиран криминал на 22.09.2023 година донел решение со кое на шестмината обвинети им одредил притвор кој според тоа решение може да трае најмногу 30 дена.

Притворот на обвинетите им е одреден од правни причини поради постоење околности кои укажуваат на опасност од бегство на секој од обвинетите, како и поради постоење посебни околности кои укажуваат дека обвинетиот, секој поединечно, ќе ја повтори кривично дело во краток временски период.

Тројца од обвинетите се товарат за сторено едно кривично дело – Здружување со причина вршење кривични дела во врска со кривичното дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, додека две или повеќе непознати лица се товарат за извршување на кривичното дело Здружување заради извршување на кривични дела во врска со кривичното дело Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.

Против наведеното решение е дозволена жалба до Кривичниот вонпроцеден совет на Вишиот суд во Белград – Специјално одделение за организиран криминал во рок од три дена од приемот на решението.

Да потсетиме, поранешниот фудбалер беше уапсен во Белград со петмина негови соработници, поради сомнение дека во периодот од 2020 до 2021 година од Еквадор во Солун прошверцувале 324 килограми кокаин.

Дрогата била скриена во контејнери со банани, а била испорачана со океански брод.

Како што пренесоа локалните медиумите, постои сомнеж дека дрогата ја набавил во Јужна Америка преку својот пријател, кој се наоѓа во перуански затвор.

– Се претпоставува дека Јакшиќ бил посредник меѓу Бакиќ и производителот на кокаин – потсетува изворот.