Западните медиуми пишуваат дека еднаш била толку претепана што морала да заврши во болница. Други, пак, тврдат дека живее живот на висока нога и има огромно внимание од сопругот – престолонаследникот на Саудиска Арабија. Што знаеме за сопругата на Мохамед бин Салман?
Саудискиот принц Мохамед бин Салман (39) е престолонаследник на Саудиска Арабија кој важи за еден од најбогатите и најмоќните луѓе во светот, а за кого во минатото се пишувало дека имал тајна афера со актерката Линдзи Лохан.
Наводно, Линдзи од богатиот престолонаследник добила голем број подароци, имала можност да лета со неговиот приватен авион и да ужива во луксузот што ѝ го нудела врската со него.
Но, додека Линдзи беше слободна и немаше врска во периодот кога одекнаа гласините, саудискиот принц беше во брак со жената која му родила 5 деца.
Додека Мохамед бин Салман важи за политичар кој вовел ја подобрил состојбата на жените во својата земја, така што им дозволил да возат автомобили, да одат на настани, да се занимаваат со спорт и вовел полиберални правила за облекување на жените, односот со неговата сопруга е вистинска мистерија.
vo-brak-se-16-godini-molchi-za-negovite-neverstva-koja-e-soprugata-na-krvaviot-princ-od-saudiska-arabija-03.jpg
Мохамед на сите настани и билатерални средби се појавува сам без придружба на сопругата, а нејзина фотографија речиси е невозможно и да се види.
Што знаеме за сопругата на „крвавиот принц“?
Мохамед е во брак со својата прва братучетка Сара бин Машур ал Сауд од 2008-ма година. Сара е ќерка не неговиот стрико и брат на моменталниот владетел на Саудиска Арабија.
Сара е принцеза во сенка, која речиси никогаш не се појавува во јавност, а познато е дека таа на принцот му родила пет деца: три сина и две ќерки.
Според изјавите на вработени во палатата каде што живеат, Мохамед се однесувал со најголема почит кон сопругата.