“17 години немав платено ниту една сметка, а сега сопругот ми ги зема сите автомобили!“ – Оваа девојка ги красеше насловните страни на Плејбој, а денес нема да поверувате што работи!

Нанет Хамонд направи целосен пресврт во својата кариера. За да се опорави од разводот, таа одлучила да работи како таксистка и да се откаже од насловните страници на познатиот магазин Плејбој кои неколкупати низ годините ги красела. 

Обожава пластични операции, а на нив потрошила околу 350.000 евра, но по разводот останала без пари. Како што вели, спиела во гарсоњера и сфатила дека мора да стекне финансиска стабилност за да остане во живот.

Сега сум тука и работам како таксистка. Размислував за тоа некое време бидејќи немав автомобил повеќе од една година, мојот поранешен сопруг ми ги зеде сите автомобили. Сакам да возам и ќе ви кажам дека ова е забавно. Сите што ќе ги превозувам го кажуваат истото… Никогаш не виделе позгодна возачка од мене. Најсмешното нешто во сето тоа е тоа што кога ќе застанам, буквално сите велат: ‘О Боже, не очекував да изгледаш така’ или ‘Колку си жешка’ и такви слични работи“, изјавила поранешната плејбој-зајчица од Синсинати за странските магазини.

Својата работа ја опишува како терапевтска, бидејќи ужива да комуницира со луѓе од различни општествени слоеви. Мајката на шест деца не платила ниту една сметка 17 години благодарение на својот богат сопруг, но како што вели, работата како таксистка и поради тоа добила нова перспектива во животот. Таа со својата приказна сака да биде инспирација за жените.

Заработката е добра, добивам голем бакшиш и досега не сум имала проблеми. Сите се толку дружељубиви и љубезни и има толку многу добри луѓе. Едноставно е одлично искуство да возиш луѓе, да запознаваш нови“, кажала таа, која шест пати ја красела насловната страница на магазинот Плејбој и која сака да ги охрабри другите жени да бараат работа на полиња каде што претежно се вработени мажи.

Тоа е одлично искуство, можеш да заработиш многу пари. Можете сами да си поставите работно време, можете да одите и на семејни настани бидејќи можете да застанете и да одите каде што сакате. Сами си правите распоред, што е прилично неверојатно, а еден од плусовите е тоа што немате никој кој ќе ви дојде преку глава. Вие едноставно можете да бидете тоа што сте. Ова е моето патување сега и го сакам. Ќе видиме до каде ќе стигне“, истакнала поранешната манекенка.