Утре (21 декември) е неработен ден за граѓаните од турската заедница во Македонија.
Министерството за труд и социјална политика соопшти дека согласно Законот за празниците на Република Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 21/98 и 18/07), 21 декември 2023 година (четврток) , Денот на образованието на турски јазик е неработен ден за граѓаните припадници на турската заедница во Република Македонија.
„Министерството за труд и социјална политика на граѓаните на турската заедница им го честита Денот на изучувањето на турскиот јазик“, велат од Министерството за образование и култура.