40 ДЕНА ДЕН НА ЖАЛОСТ ВО КУВАЈТ – Итно прекината програмата на националната телевизија: Почина познат шеик
Квајтскиот престолонаследник Шеик Мешал ал-Ахмад ал-Сабах (83 г.) беше прогласен за емир и наследник на покојниот шеик Наваф ал-Ахмад ал-Сабах, објави Иса ал Кандари, вицепремиер и министер за државни работи, пренесува медиумската агенција Reuters.
Емирот шеик Наваф ал-Ахмад ал-Сабах (86 г.) почина откако итно беше пренесен во болница поради болест на крајот на ноември, објави државната телевизија.
Кувајт прогласи 40 дневна жалост и најави тридневно затворање на сите официјални институции, пишуваат тамошните медиуми.
Кувајт е земја со околу 4,2 милиони жители и го има шестиот по големина резерви на нафта во светот.