40% од високообразованиот кадар мигрирал: Во државава останаа само песимистите, политичарите и пензионерите
– Северна Македонија е рангирана на 23-то место во групата од 25 земји со најмногу имигранти. Повеќе од 40 проценти од високообразовниот кадар ја напуштиле земјата во последните 10 години, а според индексот на глобалната економија, таа е рангирана на 5-то место од 41 европска земја. Ова се наведува во Извештајот на Светска банка за 2023 година, според кој причината за иселувањето не е само од економска природа.
„Слабите можности за вработување, невработеноста од 24 проценти кај младите до 29-годишна возраст и младите кои емигрираат заради подобра здравствена заштита, социјална заштита и подобар начин на живот се некои од причините поради кои дипломираните студенти заминуваат“, се наведува во Извештајот.
А, за да се запре трендот на миграција на млади образовани кадри и враќање на оние кои веќе се иселиле, Стопанската комора на Македонија предлага создавање Платформа во која водечка улога би имале Владата и Стопанската комора, а во која би биле вклучени универзитети и невладини организации кои би понудиле соодветни решенија.
Долго време македонскиот образовен систем и бизнис секторот функционираа како два паралелни света. Едниот произведуваше кадри, другиот бараше кадри – но овие две потреби ретко се задоволуваа. Резултатот? Млади кои дипломираат без практични вештини. Компании кои едвај наоѓаат квалификувани работници. И економија која стагнира. Стопанската комора започнавме со образование во 20 година. пилот проект со само две квалификации – од електротехничкиот и машинскиот сектор, денес сликата е сосема поинаква: овој модел се применува на 78 квалификации во 14 сектори, со активно учество на 560 компании и 69 средни стручни училишта.
Тој вели дека ова е важно за компаниите, бидејќи како што вели времето на чекање завршило.
„Денес едвај чекате да се појави идеалниот кандидат. Морате сами да го создадете. А ова значи инвестирање во млади луѓе кои ќе бидат специјално обучени за вашите процеси, технологии и потреби. Двојното образование го овозможува токму тоа. И ова не е „вложување во туѓо дете“, туку инвестирање во вашата иднина. Секоја компанија знае: иднината не е изградена само со машини, туку и со луѓе кои ги сакаме тука. Мора да ги подготвиме за пазарот што постои, а не за тој од пред 20 години“, предлага Азески.
Дуалното образование не е крајна цел, додава Азески, туку почеток на едно ново сфаќање: образованието да го зборува јазикот на економијата.
,,И Комората е тука – да биде толкувач, посредник и промотор на овој процес. Во спротивно, ќе продолжиме да бидеме сведоци на одливот на мозоци кон Запад. Македонија нема иднина ако не го запре овој процес. Затоа, од денеска, Комората е во нова офанзива да ја убеди Владата да направи пресврт со заедничка платформа како и во дуалното образование“.