6.000 тони смет натрупани на улиците на Париз

0

Комуналните работници штрајкуваат поради планот за реформи во пензискиот систем

Тони ѓубре се натрупаа на улиците на Париз, главниот град на Франција, поради штрајкот на комуналните работници против планот на Владата за реформи во пензискиот систем.

Се проценува дека на улиците на Париз се натрупани околу 6.000 тони ѓубре, како и дека ќе дојде до дополнително натрупување поради продолжувањето на штрајкот.

Поради ѓубрето и неисчистените улици, луѓето во најважната туристичка дестинација во Франција се жалат на смрдеа и можно ширење болести.

TRT Balkan