Kовачевски: Имаме неповторлива шанса да продолжиме по европскиот пат

Имаме неповторлива шанса да продолжиме по европскиот пат и во брз рок Северна Македонија да стане членка на ЕУ, со заштитен македонски јазик и македонски идентитет. Граѓаните да имаат европски услови за живот и животен стандард.

Предложените уставни измени се во насока на консензуалната цел, членство во ЕУ, поставена уште во 1991 година, што е мнозинска волја на граѓаните и денес и шанса за европска иднина на младите и идните поколенија. Измените се исклучиво во рамките на уставните традиции што го одразуваат мултиетничкиот и граѓански карактер на земјата, како држава на рамноправни граѓани, на што се заснова и самата ЕУ.

Владата покажа совесност. На ред е Парламентот. Пред пратениците е државничка одлука. Повикувам на разум, во име на перспективите!