Вложуваме во модерни и економични патишта за нашите граѓани.
Бевме на увид на експресниот пат Ранковце-Крива Паланка, со чија изведба се надополнува реализацијата на Коридорот 8, кој заедно со Коридорот 10-д претставуваат најголем инфраструктурен проект досега.
За прв пат во нашата историја, ја поврзуваме нашата држава со запад и исток. Се поврзуваме со пристаништа, со нови инвеститори, нови потенцијални компании за отворање нови бизниси и создаваме нови работни места.
Со нашето меѓународно поврзување, ја отвораме нашата земја и за повеќе туристи, повеќе посетители и со тоа го засилуваме развојот на економијата.