– Турција ја користи дипломатијата за укинување на блокадата на Појасот Газа, но не исклучува други мерки доколку тоа не помогне, изјави денеска турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан.
-Сега користиме дипломатски методи за да ја прекинеме блокадата на Појасот Газа, но има и други мерки доколку дипломатијата не донесе придобивки“, изјави Фидан за катарската телевизија „Ал Џезира“.
Според неговите зборови, по самитот на Организацијата за исламска соработка во Ријад, формиран е седумпартиски комитет што ќе го образложи ставот на земјите учеснички за ситуацијата во Појасот Газа.
Фидан додаде дека на самитот се разговарало за прекин на односите со Израел, но дека Анкара е „фокусирана на заеднички решенија“ и дека нема ограничување за нивните постапки.
Фидан, исто така, рече дека целта на Израел со бомбардирање училишта и болници сака да ги принуди Палестинците да се преселат.
Тој изјави дека Анкара не се согласува со Вашингтон, кој му дава безусловна поддршка на Израел и се противи на прекинот на огнот и затоа, смета, доколку продолжи оваа поддршка, ќе има светска криза.